Zero Motorcycle

Производителот на електрични мотоцикли, компанијата Zero Motorcycles, го потврди своето учество на саемот EICMA во Милано.

Американската марка ќе ја претстави целата своја линија за 2022 година на најголемиот годишен настан во индустријата за мотоцикли, вклучувајќи го и неодамна лансираниот модел FXE.

Тоа не е се, бидејќи и производителот од Калифорнија најави неколку изненадувања за овогодинешниот настан.

Zero Motorcycles ќе се  најде како компанија со други големи имиња кои веќе го потврдија своето учество во шоуто.

Тоа се Royal Enfield, Fantic, Minarelli, Kymco, Yamaha, MV Agusta, Suzuki, Honda, SYM, Aprilia, Moto Guzzi, Vespa и Piaggio.

По минатогодишното откажување поради вирусот корона, EICMA ќе се одржи од 25 до 28 ноември оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alpine A110GT Coupe –побрз посилен, попривлечен и поскап!

BMW XM Concept

Новиот KIA Niro на први фотографии

Најавен Polestar 5

„Дизајнирана во Германија“: Новата Opel Astra разгорува емoции

И официјално новиот Ford Ranger

И официјално претставен новиот Suzuki S-Cross

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Toyota GR DKR Hilux T1+ за Дакар Рели 2022