ZF co паметна трансмисија на силата!

Осум степен автоматски менувач и меко- хибриден, односно plug-in систем во  исто куќиште, вистински „еликсир“  за перформанси, заштеда на горивото и за екологијата…

Германката компанија ZF Friedrichshafen AG (ZF е кратенка за Zahnradfabrik, фабрика за запчаници), најпознатата светска фирма за производство на пренос на сила (менувачи) , деновиве претстави паметен систем на осум степен автоматски менувач и  48- волтен меко хибриден (mHEV) илиi plug-in хибриден (PHEV) систем во еден склоп (куќиште).

Тоа значи дека во иднина ќе имаме во понуда три верзии на најпознатиот осум степен автоматски менувач на брзини (се вградува во 30-на модели):

Класичната изведба (за бензинските и за дизел моторите), меко – хибридна верзија како и plug-in верзија

Особено интересна е третата верзија, што се комбинира со електромотор со моќ од 24 до 160 kW.

На тој начин во многу ќе се олесни конструкцијата и производството на меко –хибридните и plug-in хибридните модели.

Поради тоа овој паметен ZF склоп е генератор на развојот на следните генерации на моделите на сите автомобилски компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро автомобилски делови од растенија што не се користат за исхрана!

Audi A8 уште по напреден со нова иновација- паметно потпирање!

VW со нов мануелен менувач ќе ја намали потрошувачката за 5%

Првиот Toyota Prius PHV со соларни панели !

Ducato MY2020 electric: повеќе технологија, поeфикасeн и со поголема вредност!

Поминаа  60 години откако Volvo ни го подари безбедносниот ремен!

Претставена автономната BMW Series 7!

KIA и Hyundai- Дополнителни инвестиции во автономни возила

ACEINNA со нова сензорска единица за инерцијални мерења!!!