ZF со копилот засега само за отворен пат!

Технолошките компании и знабдувачи со делови ZF и NVIDIA развија нов интелигентен систем за помош на возачот кој централно контролира многу корисни функции и го прави возењето полесно и побезбедно …

Со помош на вештачка интелигенција и сеопфатната SensorSet, автомобилите ќе можат самостојно да променат разлни маневрирања во возењето, особено на отворен пат, а совен тоа  ZF coPILOT може да се управува со гласовни команди и да го препознава сообраќајот и ќе биде од 2021 година.

Системот е изведен со комбинација на адаптивниот темпомат во автомобилот со системот за предупредување при напуштање на лента.

 

Напредниот систем за помош на возачот (ADAS) ги покажува сите предноти на автопат со густ сообраќај, каде адаптивниот темпомат е задолжен за одржување на брзината и растојанието од возилото напред, при што независно забрзува и запиразадржувајќи се во истата лента со помош на системот за предупредување на напуштање на лента.

„Сегашните помошни системи предупредуваат навреме за да ги избегнеме грешките во возењето или да ги корегираме брзо, но исто така тие треба да ни понудат и повисоко ниво на удобност при возењето.

Ако системите не дејствуваат течно или ако се одјават премногу брзо, на пример во лоши временски услови , ова го намалува нивното прифаќање кај возачите”, вели Торстен Голевски, раководител на системите за автономна мобилност во ZF.

Системот е полуавтоматизиран начин на управување од SAE ниво 2, кој го зголемува нивото на удобност и безбедност при возење и возачот на кратко може слободно да ги тргне рацете од управувачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камерите во BMW како црни кутии ги чуваат снимките по сообраќајка!

Jaguar I-Pace со поголема автономија!

Аudi Q7 освежување со hybrid погонски системи

Pirelli претстави гума со сензори што се поврзуваат со Интернет

Daimler и со рендгенски зраци ќе ги контролира автомобилите

Mazda RX9 со електрифициран погон

Потенки но не и помалку безбедни ѕидови за компактните модели!

Новиот дигитален кокпит на VW Golf 8

Доаѓа ера на се попаметни дигитални клучеви!