Жандармеријата на Франција се опреми со Seat Leon Cupra

Француската жандармерија одлучи да го избере Seat Leon Cupra за свои нови патролни автомобили за брзи интервенции ….

Не, не е` грешка, добро прочитавте, не станува збор за Cupra Leon, туку за шпанскиот хечбек од претходната генерација. Останува нејасно зошто се одлучиле на тоа, иако локалните медиуми истакнуваат дека пред се станува збор за поволната цена.

Француските сили за спроведување на законот порачаа (засега) 17 примероци од Seat Leon Cupra, а шпанската марка објави дека ќе им требаат 5-6 недели да подготват еден автомобил за испорака.

Моделот избран од жандармите на Галите користи 2.0-литарски TSI мотор со 290 КС.

Покрај хечбек изданието, Французите нарачаа и караван примероци. На тендерот конкурирал и Renault Megene RS, но тој не бил избран од повеќе причини – пред се поради повисока цена и недостаток на караван верзија.

Да ве потсетиме, локалната жандармерија широко го користи Megane RS за овие цели, но сегашниот возен парк е слабо обновен во претходниот период.

Медиумите во Франција наведуваат дека огромното мнозинство на автомобили за интервенција од возниот парк поминал огромна километража и дека сигурноста доверливоста а со тоа и функционалноста – ефикасноста, станале голем проблем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford Focus RS RX на Кен Блок продаден за 200.000 долари

Вака би можел да изгледа новиот Volkswagen Corrado и ни се допаѓа!

Нај-непристојни се возачите на BMW

Шведска станува вселенска сила- најавува лансирање на сателити

И Ferrari отповикува автомобили!

Најскапа гаража во светот

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија