Женева 2019- Bugatti La Voiture Noire -екстремно скапа играчка на тркала!

Моќниот и атрактивен технолошки бисер располага со „срце“ во форма на W16 бензински агрегат, од кого рикаат 1500 расни тркачки ждребиња…

Станува збор за Bugatti La Voiture Noire, најскапиот нов автомобил на планетата, со цена од неверојатни 16,7 милиони европски банкноти, се разбира  сосе давачките!!!

Станува збор за единствен и уникатен проект направен во чест на легендарниот модел Bigatt Тype 57SC Atlantic, вистинско уметничко ремек –дело од минатиот век, не само на автомобилската индустрија, туку воопшто во историјата на човековата креативност .

Инаку, тоа е најсилниот, најлуксузниот и воопшто најексклузивен хипер автомобил на светот, потенцираат од Bugatti.

Прекрасната креација е создадена во чест на 110-от роденден на француската автомобилска марка,но и во новиот милениум да се воведе легендарниот Type 57SC Atlantic.

Иако дизајнот е прашање на вкусот, ние уште еднаш ќе апострофираме дека „костумот“ на автомобилот е изработен од карбонски влакна, a под него бие „лавовско срце“ со работен волумен од 8.0-литри со 16 цилиндри поставени во форма на латинската буква W16, со моќност од 1.500 KS и 1.600 Nm највисок момент на вртење.

За добрата звучна оркестрација се грижат шесте издувни топа, а перформансите, засега, остануваат тајна.

Што да се рече освен дека автомобилот можеме да го доживееме само како вон временска скулптура – уметничка креација , иако некои ќе забележат дека е тоа само „ одново компониран“  Chiron, но фактот дека уникатниот автомобил е веќе продаден, патем името на купувачот засега е тајна, што најверојатно така и ќе остане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo Giulia QV – посебна изведба во егзотични бои!

Претставено мало електрично возило наречено по Хусеин Болт!

KIA најави уште еден мал SUV

Вака изгледа внатрешноста на новата BMW Series1

Новиот Aston Martin на Бонд преполн гаџети за тајниот агент 007!

Во Барселона Lexus со автомобил од вселената во портокалов аранжман!

Новиот Range Rover пристигнува 2021

McLaren го произведен 20.000-от автомобил во Вокинг

Три децении на култната Mazda MX-5 (Miata)