Жената Астронаут од проектот SpaceX место Tesle избра друг EV

Иако сите би очекувале да вози модел од компанијата на Маск, нејзиниот избор беше најголемиот ривал.

Др. Сиан Лео Проктор (Sian Leo Proctor) беше дел од првиот тим Inspiration4, кој влезе во историјата како дел од првата приватна вселенска мисија. Таа го направи тоа како дел од тимот во вселенскиот проект SpaceX, компанија во сопственост на Илон Маск (Elon Musk).

Како што е познато, Маск е сопственик и на Tesla Motors, но ниту еден од моделите во гамата не бил нејзин избор. Верувале или не, таа го избрала Ford Mustang, пишуваат специјализраните портали. Секако, тука не станува збор за американскиот легендарен muscle car, туку за Mach-E верзија или подобро кажано електричен crossover на Ford што го носи легендарното има на спортскиот модел што му овозможи да предизвика поголем интерес со своето звучно име.

И таа емотивна игра му оди одлично. Така и самата дама астронаут признава дека имала Ford: „Имав Bronco II додека студирав и го обожавав! Имав неколку фантастични авантури во него. Го сакам тоа што Bronco се врати, но ми треба електричен автомобил за секојдневноoт градско возење“.

Очекувано, нејзиниот twit  беше меѓу првите кои му се допаднаа на првиот човек на  Ford , Џим Фарли (Jim Farley). Некои медиуми пишуваат дека Илон Маск изборот на астронаут не го земал за зло, но секако повеќе би сакал да го избере Теslа. Проктор е исто така првата Афроамериканка која управувала со вселенско летало и четвртата Афроамериканка која патува во вселената.

Таа првично сакаше да работи за NASA, но на крајот доби повик во SpaceX што и го промени животот. Инаку, нејзината вселенска мисија траеше од 15 до 18 септември минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda  Enyaq iV кампер

ELegend EL1 и EL2 ќе бидат инспирирани од легендарни спортски автомобили

Tркачки Maserati MC20 GT2

Како е создаден светски препознатливиот архитектонски симбол на Минхен?

Конфискуван Ferrari 458 Italia во чешката полициска флота

Lamborghini Huracan Sterrato

Hopium Machina Vision

Toyota GR86 10th Anniversary Limited

Citroen C3 Aircross Rip Curl