Жил Видал, шефот на дизајнот во PSA направи трансфер во Групата Renault

Групата Renault денес го потврди пристигнувањето на големото име во своите редови, пристигнува Жил Видал…

Дизајнерскиот тим на Renault Group ќе биде побогат од ноември 2020 година за едно многу добро познато име во автомобилската индустрија. Жил Видал (Gilles Vidal) е познат дизајнер кој сигурно ќе донесе нова енергија.

Лорен ван ден Акер,( Laurens van den Acker) член на Извршниот одбор на групата Renault, рекол: „Задоволни сме што го имаме Жил Видал во нашиот тим. Жил има широко знаење за создавање силни и привлечни брендови. Неговото широко признато искуство, чувството за иновација и страста кон дизајнот ќе бидат одлична предност за групата Renault. Жил беше инспирација за многумина и јас со нетрпение очекувам да работам со него, да ги исполнам предизвиците за мобилност од новото време. ”

Жил Видал (48) беше директор за дизајн на марката Peugeot од 2010 година. Под негова иницијатива, брендот го обнови својот идентитет, со супериорно позиционирање што се рефлектира врз автомобили како што се 3008 и 508.

Во групата PSA, тој исто така беше задолжен за развој на корисничко искуство (UX) и кориснички интерфејс (UI) како и за создавање на агенцијата – Peugeot Design Lab.

Жил Видал ја помина целата своја кариера во групата РЅА.

Тој започна во 1996 година во Citroën, последователно во дизајнот на надворешниот и внатрешниот дизајн, потоа како проект менаџер за Citroen C4 и C4 Picasso.

Потоа му беше доверено производство на концепт автомобили на Citroën и одговорност за напреден дизајн пред да се приклучи на марката Peugeot во 2009 година.

Жил Видал е дипломец на Центарот за уметности на колеџ за дизајн во Веви (College of Design in Vevey), кој се наоѓа во Швајцарија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford ги запре испораките на Kugа PHEV поради опасност од самозапалување!

Mitsubishi од септември ги запира испораките на SUV возила во Европа

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Golf се врати на врвот на Европа!

SEMA сепак го откажа настанот за 2020 година

Продажбата на Lada го достигна нивото пред кризата и продолжува да расте!

Во Франција расправа за локацијата каде ќе се прави електричната Dacia