Volkswagen е еден од најстарите големи производители на автомобили и зад себе има многу неверојатни концепти и прототипови…
Некои од нив се чуваат во магацинот на VW Classic во Волфсбург (Wolfsburg), а сега имате можност да ги видите.
YouTuber Џамиер Ор (Jamier Orr) ја имаше привилегијата да влезе во магацинот, да ги види и сними фантастичните автомобили на Volkswagen кои gi има околу 200 под еден покрив.
Тој ја започна својата презентација со ID.R тркачки модели од Goodwood и Pikes Pika, а на видеото е прикажан и Golf GTI TCR Mk8.
Во декември 2020 година, VW објави дека се повлекува од активностите во мотоспортот, што значеше затворање на програмата Touring Car Racing. Автомобилот е целосно камуфлиран бидејќи никогаш не бил официјално претставен, но јасно е дека се работи за „мало чудовиште“.
Дел од колекцијата се електрични примероци на Golf, а има и Golf Cross Country.
Во друштво на моделите (верзиите) на Golf е и лимузината Phaeton, како и ретките Beetle RSi и Passat R36.
Еден прототип што се издвојува дефинитивно е Polo од 1987 година со дизел мотор со два цилиндра, потпомогнат со компресор.
Во магацинот се наоѓа и „Буба“ (Beetle) од 1946 година, една од првите произведени од Volkswagen.
Под истиот покрив се наоѓа заборавениот концепт NILS, електричен едносед кој се уште изгледа футуристички иако е стар повеќе од десет години.
На видеото се прикажани и два кабриолет Beetle RSi.
Поголемиот дел од колекцијата претставуваат во сушност примери на легендарниот Volkswagen Golf (односно негови најразлични варијации и изведби).
Сегашната осма генерација не е неговиот крај бидејќи и официјално е потврдено доаѓањето на деветтата, која веројатно ќе биде последна со мотор со внатрешно согорување.