Значително намалување на малопродажните цени на горивата во земјата

Регулаторната Комисија за Енергетика ги одреди новите малопродажни цени на горивата на пумпите ширум нашата држава, што ќе стапат на сила од ноќеска на полноќ…

По „нишалката“ (горе – долу) со низа поскапувања во изминатиот период, проследени со постепено и делумно намалување кое следуваше во последните недели, Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ), во согласност со својата методологија за формирање и утврдување на малопродажните цени, одлучи да ги поевтини горивата во нашата земја. Според најновата одлука на Регулаторна, горивата ќе поевтинат во просек за 2,80 проценти во однос на одлуката која беше донесена пред неколку дена (на 5. Август).

Во согласност со горе наведеното бензините и дизел горивот во нашава земја, од ноќеска на полноќ, ќе имаат пониска цена за 3,50, односно за три денари по литар.

Поконкретно, за 3,50 денари се намалуваат бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, додека пак, Еуродизелот се намалува за три денари по литар.

Ова значи дека во следниот период литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за 90 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 92 денари, додека пак за секој литар наточен Еуродизел ќе треба да се издвојат по 90 денари за литар.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, во споредба со претходната пресметка, бележат намалување.

Та во просек кај бензините за 3,57% , додека кај дизелот вените се намелени во просек за 2,11%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Купувачите од САД најзадоволни од технолошките новини кај Genesis

Изменето логото на Citroen

Кинескиот BYD размислува за производство на електрични автомобили во Европа

Honda во септември го намали производството за 40%

Фалсификувани автомобилски делови-измама опасна по живот

Цената на бензините оди надолу а на дизелот нагоре!

R5 TURBO 3E ја освои ја освои наградата на публиката на натпреварот „Уметност елеганција 2022 “ во Шантили

Ferrari Purosangue затрупан со идеи

Голем интерес за електричен VW ID. Buzz