Зошто ЕУ става акцент на алтернативните видови на горива

Според Европската комисија, алтернативните видови горива се горива, или извори на енергија кои можат да послужат, барем како делумна замена на фосилните горива кои се користат за транспорт. …

Тие имаат потенцијал да придонесат за декарбонизација и забрзување на прилагодувањето кон исполнување на стандардите за заштита на животната средина во транспортниот сектор.

Во алтернативни горива влегуваат  струјата, хидрогенот, био-горивата, синтетички и парафински горива, природен гас (вклучително и биометан), компресиран природен гас – ЦНГ, течен природен гас  (ЛНГ) и течен нафтен гас (ЛПГ). Важно е да се нагласи дека во некои случаи ЦНГ, ЛНГ и ЛПГ може да бидат од 100 проценти фосилно потекло.

Европскиот транспорт е високо зависен од фосилни горива кои во најголем дела се увезуваат, што гледано од тој аспект го прави овој сектор многу зависен и истовремено го отежнува балансот во трговската размена.

Една од главните цели на ЕУ е диверзификација на транспортот во однос на изворите на енергија.

Стратегијата нa ЕК „Транспорт 2050“ има за цел да ја намали нафтената зависност на секторот транспорт во ЕУ и истовремено има за цел намалување на емисијата на стакленички гасови за 60 проценти до 2050 година.

За остварување на овие цели ЕК поставува разни мерки и цели во повеќе различни сектори на транспортот, вклучително слободни градски зони од CО2 во поголемите градови до 2030 година, намалување за половина на употребата на конвенционални автомобили во урбаниот транспорт до 2030 година и постепено нивно исфрлување или намалување од градовите до 2050 година. Тие цели не може да бидат постигнати со конвенционалните горива и затоа е потребно да се зголеми користењето на алтернативните горива.

Алтернативните горива, според извештајот на ЕК, можат значително да помогнат во справувањето со проблемот на аерозагадувањето во градовите, кое во голем процент е предизвикано од транспортот.

Енергетски ефикасен и ефективен транспорт може значително да помогне во намалување на емисијата на стакленички гасови од возилата.

Сепак, важно е да се напомене дека ЕК не гледа на алтернативните горива како замена за фосилните горива, туку само како еден сегмент за побрза декарбонизација и намалување на емисијата на CO2 од транспортот.

 

МАКПЕТРОЛ ИНФО ПОИНТ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KIA со помош на Rimac подготвува електричен автомобил

VW со супер брзи полначи за EV за кои не е потребна посебна инфраструктура

Lexus EЅ со камери наместо ретровизори

Automechanika Франкфурт и APRA Europe промовираат нов одржлив тренд- префабрикување!

Porsche Cayman GT4 и Boxster Spyder наскоро  со автоматски менуач!

Новиот VW Passat пристигнува 2021 или 2022 и тоа на струја!

Volvo и  Varjo  со прва употреба на мешана реалност за развој на автомобили !

Тивко влечење: Opel Grandland X со електричен погон на сите тркала

Автомобилите на Audi ќе комуницираат со семафори