Ѕверката Audi RS Q8 со V8 и речиси 600 блесна на LA Motor Show 2029

Oд Инглоштад го претставија нивниот најмоќенSUV модел , Audi RS Q8 , што доаша со експлозивно ергеле и атрактивна зелена боја – но не заради нековата еколошка орјентирансот …

Топ моделот во понудата SUV возила на Audi, новиот RS Q8 е придвижуван од 4,0 литарски двоен-турбо-бензинец  со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква  V, што ослободува динамично ергеле со орни  591 KS и максимален момент на вртење од 800 Nm вртежен момент помеѓу 2,200 и 4500 вртежи во минута.

Од фабтиката велат дека оваа моќна „ѕверка“ од о до 100 km/h забрзува за само  3,8 секунди, а од до 200 km/h забрзува за 13,7 секунди, пред да достигне електронски ограничена максимална брзина од 250 km/h, која со избирање на Dynamic пакетот се искачува на 305 km/h.

Како и моторот што го користи најновиот Audi RS6 Avant, погонот на RS Q8 се базира на главен електричен систем од 48 волти, со што претставува модел со благ хибриден систем.

За време на забавување и сопирање, погонот може да поврати до 12 kW моќност и да ја чува во својата компактна литиум-јонска батерија.

За да помогне во ефикасноста на погонот, постои систем за деактивација на цилиндрите 2, 3, 5 и 8, при ниско до средно оптоварување и вртежи во минута кај повисоките брзини.

Исто така, постои старт-стоп систем, а силата се пренесува до сите тркала преку перформансен погонски систем, споен со осум-степен Tiptronic менувач.

Како стандард, кај RS Q8 вклучен е адаптивен систем за воздушно потпирање, кој ја менува возната висина во граници од 90 mm; потоа електромеханички активен систем за стабилизација, кој го минимализира пливањето на шасијата во свиоци при големи брзини.

Достапни се осум различни режими на возење: Comfort, Auto, Dynamic, Efficiency, Allroad, Offroad, и индивидуално конфигурираните RS1 and RS2.

Исто така и системот за потпирање е ревидиран со цел да одговара со перформансите на германскиот SUV.

Во однос на  надворешните RS Q8  е со поагресивна појава од стандардната изведба: однапредима остра муцка со зголемени влезови за воздух и сјајни црни акценти, а назад е познатиот издув на Audi Sport.

Доаша во  две различни конфигурации на LED предните светла, вклучувајќи ги и RS Matrix LED светлосните единици, а шлагот на прставителната става се  22-инчните алуминиумски тркала, што исто така се стандард.

Внатрешноста се одликува со лунарна сребрена ткаенина, лунарно сребрена и црна Алкантара, а има и  специфични RS-дисплеи во виртуелниот кокпит на Audi и централниот MMI дисплеј, додека head-up дисплејот е опционален.

 

Audi изработи и нови спортски седишта изработени во комбинација на Напа кожа и Алкантара.

Новиот Audi RS Q8 ќе пристигне во текот на првиот квартал на 2020 година, а цените во Германија ќе започнат од 127.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Освежениот Hyundai Santa Fe пристигнува со plug-in хибриден погон

Baojun E300 и E300 Plus – електрични автомобили со цена помалку од 10.000 долари!

  Vision T: нови детали за концептот од Јужна Кореја

Претставени перформанс изведбите Audi e-Tron S и e-Tron Sportback

И официјално BMW M3 и M4 завршни тестирања, брусење на патека…

Nissan со нов видео тизер за Ariya пред премиерата на 15 јули

Низ Ineos Grenadier тече „крв” на  off- road иконата- Defender

Официјално обновен Tiguan – најпосакуваниот модел на VW

Обновена Bentley Bentayga-2021