Новиот модел Alfa Romeo Junior, кој неодамна беше претставен, го доби првото признание за неговиот дизајн, врз основа на анкетата што ја завршија читателите на германскиот стучен – деловен магазин Auto Zeitung…

Новиот компактен спортски автомобил го освои „ Design Trophy “ (Дизајн трофеј), наградата за најдобар дизајн во категоријата „мал/градски /компактен автомобил“. Читателите избраа од 63 модели кои учествуваа во годинешниот избор.

Новиот Alfa Romeo Junior е совршен израз на дизајнерската филозофија на овој италијански бренд. Неговите компактни димензии ја рефлектираат уникатноста на оригиналниот и современ италијански стил замислен во Alfa Romeo Centro Stile.

Дизајниран е со занаетчиско внимание и посветеност на најмалите детали, целосно отстапувајќи од концептот на ладна рационалност за да им вдахне живот на брановидни линии кои привлекуваат на прв поглед.

Елементите од наследството на брендот, како што е иконата „Coda Tronca“, се одличен пример за стил и функционалност. Освен што им оддава почит на иконите на автомобил од богатото минато на автомобилската марка од Милано, како што е на пример легендарната Giulia TZ, „исечениот“ дизајн на задниот дел е функционален и ја подобрува аеродинамиката за поголема брзина, агилност и ефикасност.

Предните светла од „3+3“ дизајн и адаптивните матрични целосно LED светла се препознатлив потпис на моделот, како и легендарната маска, достапна во две верзии, Leggenda и Progresso.

Првиот дизајн, Legenda, има црна решетка на ладилникот со курзивни букви Alfa Romeo кои потсетуваат на спортските автомобили на Alfa Romeo од далечните 1920-ти и 1930-ти години.

Втората верзија Progresso, која е директно инспирирана од новиот Alfa Romeo 33 Stradale, нуди исклучително смела и спортска реинтерпретација на Biscione крстот и змијата (ознаките во логото на спортската автомобилска марка од Апенинскиот полуостров).

Во внатрешноста исто така е забележливо јасно и целосно посветено внимание на деталите, квалитетот на тапацирот и чувството дека сте во комфорната зона, опкружени со чист спортски и италијански квалитет.





НАЈНОВИ