Голема вест за љубителите на италијанскиот стил и брзина – Alfa Romeo фицијално потврди дека во 2026 година ќе ги врати своите најпознати спортски модели:
Симбол на брзина и страст
Моделите со ознаката (четирилистна детелина) отсекогаш биле посебна приказна во историјата на Alfa Romeo – симбол на брзина, прецизност и страст кон возењето.
Овие верзии ќе го задржат легендарниот 2.9-литарски V6 твин-турбо мотор, со мали технички прилагодувања за да ги исполнат новите Euro 7 стандарди.
Поглед кон иднината
Алфа ромео потврди дека Giulia и Stelvio ќе продолжат да се произведуваат најмалку до крајот на 2027 година, а потоа ќе следи нова ера на спортски електрични модели.
Со ова, италијанската марка испраќа јасна порака – традицијата и адреналинот нема да исчезнат, туку ќе се прилагодат на времето.
Повраток на легендите
Возачите и фановите ширум светот веќе со нетрпение ја очекуваат новата генерација Quadrifoglio. Ако нешто знае Алфа Ромео, тоа е како да создаде автомобил кој не само што се вози – туку и се чувствува.