– 2025 GMC Terrain година носи повеќе простор, повеќе безбедносни карактеристики и повеќе технологија.
– Новиот изглед обезбедува холистички GMC дизајнерски јазик низ целото портфолио на марката.
-2025 GMC Terrain доаѓа стандардно со повеќе од 15 безбедносни и функции за помош на возачот, заедно со удобноста и комфор на загреаните предни седишта и воланот
Пакетот на стандардните функции за безбедност и помош на возачот вклучува: засилено (подобрено) автоматско сопирање при итни случаи, систем за сопирање во случај на пешаци и на велосипедисти, автоматско сопирање за итни случаи на крстосница, автоматско сопирање при возење назад, предупредување за страничен велосипедист, помош за управување во слепата (мртва) точка…
Исто така има и 15-инчен Premium GMC Infotainment (информативно – забавен) систем и 11-инена инструмент табла.
Новиот Terrain се очекува да биде воведен (како стартен модел – ценовно и со ниво на опременост) во пакетот Elevation трим и тоа во текот на оваа 2024 година, а AT4 и Denali пакетите на опременост ќе следат во текот на наредната 2025 година.
Сите доаѓаат стандардно со турбо бензински мотор, со работен волумен од 1,5 – литри, кој има на располагање моќност од 175 КС и 275 Nm максимален вртежен момент.
Погонот е на сите тркала и преносот на силата на истите се одвива преку осум (8)-степен автоматски менувач на брзини, што е дел од стандардното ниво на опременост во пакетот Elevation при лансирањето на овој модел на пазарот.