Smart #5 најавен за 28 август

Smart го покажа концептот #5 на автосалонот во Пекинг во април годинава, а истиот ќе добие сериска верзија наречена Smart #5 на крајот на овој месец (август)….

Како што се наведува во соопштението, со овој автомобил паметната интерпретација на мобилноста ги надминува урбаните граници и ги одразува потребите на клиентите за активен и динамичен начин на живот. Возилото претставува кохерентен и одлучувачки еволутивен чекор за марката, отелотворувајќи уникатна дизајнерска филозофија.

Дизајнерскиот јазик на возилото ја комбинира препознатливата модерност на Smart со силна отвореност кон нови перспективи и можности. Компанијата нагласува дека напредната технологија и неспоредливата удобност го прават Smart #5 идеален придружник за сите видови авантури и активности.

Во секој случај, серискиот број „5 “ ќе им се придружи на crossover моделите # (број) 1 и #( брoj) 3 во поставата на Smart, усвојувајќи авантуристички став. Smart наведува дека # (број) 5 ќе биде нивното „најпространо и најразновидно возило до сега“, позиционирано во премиум сегментот на теренци со средна големина. Целната публика се клиенти со „активен и отворен начин на живот“.

Smart #5 е долг 4705 mm, широк 1920 mm, висок 1705 mm и има меѓуоскино растојание од 2900 mm. На купувачите ќе им биде понуден избор на тркала со големина од 18 до 21 инчи.

Што се однесува до тежината, таа е 2450 килограми за врвната верзија располага со моќ 638 ​​КС.

Ќе има повеќе погонски опции во гамата:

Погон на задните тркала, еден мотор, 250 kW (335 КС)

Погон на задните тркала, еден мотор, 267 kW (358 КС)

4×4 погон, два мотори. Преден мотор 165 kW (221 КС), заден мотор 267 kW (358 КС), комбинирана моќност 432 kW (579 КС)

4×4 погон, два мотори. Преден мотор 165 kW (221 КС), заден мотор 310 kW (416 КС), комбинирана моќност 475 kW (638 КС)

Максималната брзина е ограничена на 200 km/h, само во топ верзијата е 210 km/h.

Според претходните извештаи, Smart #5 ќе има архитектура од 800 V и батерија од 100 kWh, што е доволно за опсег до 550 km и полнење од 10-80 проценти за 15 минути.

Smart #5 ќе го има своето официјално деби на 28 август, а освен во Кина, моделот ќе се нуди и во Европа.





НАЈНОВИ