Rivian привремено ги прекина испораките на возила за Аmazon

Компанијата Rivian привремено го запре производството на своите комерцијални возила за испорака што ги користи малопродажниот гигант Amazon поради недостиг на делови, соопшти во петокот производителот на електрични возила…

Акциите на компанијата од Калифорнија паднаа за 1,7 отсто во претпродажба. Запирањето на производството е последниот во низата предизвици со синџирот на снабдување за Rivian, кој, како и другите производители на електрични возила, се соочи со значителни проблеми со производството во изминатите две години поради недостиг на делови, пишува Reuters.

Amazon, кој е најголемиот инвеститор на Rivian со удел од 16 отсто, нарача до 2030 година да бидат испорачани 100.000 електрични возила за испорака. Минатата година, продажбата на Anazon сочинуваше околу 19 отсто од приходите на Rivian.

„Недостигот на дел привремено влијаеше на нашето производство на електрични возила за испорака. Очекуваме да го надоместиме целото пропуштено производство“, објави Rivian. Од компанијата не откриваат информации за конкретниот дел и добавувач, ниту пак коментираат кога почнала суспензијата на производството и дали продолжила.

Овој недостиг на делови нема да влијае на производството на други возила на Rivian, вклучувајќи го теренецот R1S и пикап моделот R1T. Претходно овој месец, Rivian ја задржа својата прогноза за производство и рече дека испораките ќе бидат малку пониски во тековниот квартал откако ја затвори својата фабрика во април поради преработка и модификации.

Претходно оваа година беше објавено дека германскиот Volkswagen ќе инвестира до 5 милијарди долари во Rivian како дел од новото, подеднакво контролирано заедничко вложување за интегрирање на компоненти и софтвер за електрични возила, со што акциите на американскиот производител на електрични автомобили ќе се зголемат за 50 проценти.





НАЈНОВИ