Најава за тркачкиот BMW M2 G87

За сезоната 2026, BMW M Motorsport го најавува својот нов тркачки автомобил кој се уште не е именуван, а кој би требало да го наследи M2 CS Racing…

Ќе помине некое време пред да се откачи камуфлажата бидејќи новиот тркачки автомобил е сè уште во зародиш. BMW M Motorsport вели дека овој автомобил моментално е во рана фаза на развој. Дополнителни детали ќе бидат откриени во догледно време, но знаеме дека ќе се постави во гамата на баварскиот производител на премиум автомобили под моделот M4 GT4.

Имајќи предвид дека тркачкиот автомобил нема да се натпреварува до 2026 година, тој би можел да се базира на идниот BMW M2 CS. Патната (цивилна изведба) на моделот M2 CS (Competition Sport), регистриран за сообраќај на јавни патишта би требало да се појави на пазарот една година по тоа, како специјално ограничено издание.

Се претпоставува деке цивилната изведба ќе има на располагање моќно ергеле од 530 КС, потоа погон на задните тркала, како и автоматски менувач на брзини и нешто помала тежина на возилото. Како и да е, некои извори сугерираат дека тркачкиот автомобил е базиран на обичниот М2.

Сепак, има уште долг пат до крајот на развојот, па некои работи би можеле и да се променат пред официјалното деби





НАЈНОВИ