Кинеските е-автомобили напредуваат на пазарите во Латинска Америка

Во Мексико и Бразил, земјите кои се најголеми производители на автомобили во Латинска Америка, Кина влезе на пазарот и напредува со голем раст….

Имено, кинескиот гигант BYD ја гради својата најголема фабрика за електрични автомобили надвор од Азија во Камакари, североисточен Бразил, со целен производствен капацитет од 150.000 единици секоја година, пренесува AFP.

Во Латинска Америка, кинеските автомобили, кои имаат тенденција да бидат поевтини од нивните конкуренти, им овозможија на некои жители со средни и ниски приходи да го купат своето прво возило, рече Себастијан Херерос(Sebastian Herreros), економист во Економската комисија за Латинска Америка и Карибите (ECLAC).

Исто така, овозможи да се возат автомобили со мотори базирани на „зелени“ технологии во загадените метрополи како Сантијаго, Богота и Мексико Сити.

„Сите наши земји мора брзо да ја усвојат електромобилноста, тоа е речиси прашање на опстанок“, рекол Херерос, додавајќи дека Кина е идеален партнер бидејќи ги има потребните производствени капацитети и нуди конкурентни цени.





НАЈНОВИ