Zeekr 7x

Кон крајот на септември, ZeekR ќе започне со продажба на нов електричен crossover модел 7X, додека пласирањето, односно продбата на други пазари (вклучително и Европа) ќе започне во текот на следната година…

Во врска со димензиите, должината на новиот crossover модел изнесува 4825 mm, ширината е 1930 mm, а висината 1656 mm, додека пак растојанието меѓу оскито изнесува 2925 mm. Во оваа низа на податоци ќе неведеме и дека волуменот на багажникот е со капацитет од 616 литри.

Не е вишок ниту податокот дека тркалата се со големини од 19 и од 20 инчи.

Инаку, Zeekr 7x презема некои од стилските и техничките решенија од седанот Zeekr 007, вклучувајќи го и LED -панелот на предната страна.

Автомобилот добил SEA платформа со батерии со капацитет од 75 или од 100 kWh и архитектура од 800 волти. Основата изведба на Zeekr 7x ќе биде опремена со батерија што може да се наполни за 15 минути на ниво од 80 проценти.

Во зависност од батериите, опсегот е од 605 до 780 километри, со едно полнење на истата, но според кинескиот стандард CLTC.

Достапно во верзии со еден и два мотори, сите автомобили Zeekr 7x користат електричен мотор со моќ од 310 kW / 422 КС поставен на задната оска. Во верзиите со по два мототи, на предната оска се додава моторот со моќ од 165 kW / 224 КС, што го обезбедува времето за забрзување на автомобилот од 0 до 100 км на час од само 3,8 секунди.

Внатрешноста има прилично стандарден распоред со два екрани.

За Zeekr 7x, ова значи 15,0-инчен информативно забавен екран и LCD инструмент панел, кој е целосно интегриран во контролниот панел.

Системот за забава со автомобили го започнува чипот Qualcomm Snapdragon 8295.

Опремено со сензорски пакет, вклучително и LIDAR и користење на двојни Nvidia Оrin X чипови, Zeekr 7x треба да дојде со истиот интелигентен систем за возење Haohan 2.0 како кај моделите Zeekr 001 и 007.

Цените во Кина се движат од 240.000 до 300.000 кинески јуани, што пресметано во европска валута би изнесувало, по актуелниот курс, од 30.620 до 38.2280 евра.

 





НАЈНОВИ