Кинеска доминација во производството на литиум-јонски батерии

Се очекува кинеските компании да сочинуваат речиси 70 отсто од вкупниот годишен глобален капацитет на батерии до 2030 година, испорачувајќи повеќе од 6.200 гигават-часови…

Кинескиот гигант Contemporary Amperex Technology Company (CATL) сам, се предвидува да произведе повеќе од комбинираното производство на Канада, Франција, Унгарија, Германија и Велика Британија.

Според Benchmark Mineral Intelligence, до 2030 година САД ќе бидат втори според вкупниот капацитет на батериите по Кина (1.261 гигават-часови), со капацитети од домашната компанија Tesla, но и од јужнокорејската LG Energy Solution, која има производство во Америка.

Во моментов, Кина е дом на шест од 10-те најголеми светски производители на батерии. Доминацијата на Кина на пазарот е поттикната од идејата за таканаречена вертикална интеграција во целиот синџир на снабдување – од ископување метали до производство на електрични возила.

Во Европа, Германија ќе го предводи патот во производството на литиум-јонски батерии, со 262 гигават-часови, од кои повеќето доаѓаат од европските погони на Теslа. Компанијата на Илон Маск (Elon Musk) ја проширува својата таканаречена гига-фабрика во близина на Берлин. Тоа е првата производствена локација на Теslа во Европа.

Интересно е што се предвидува дека на крајот на оваа деценија Унгарија најверојатно ќе биде на четвртата позиција и не многу зад водечката европска економија. Азиските компании CATL, Samsung и SK On ќе бидат лоцирани на територијата на земјата што граничи со нам соседна Србија. За Унгарија се предвидени 210,1 GWh од вкупниот годишен капацитет.

На петто место е Канада (203,8 GWh), а на шесто е Франција (162 GWh), но за овие две членки на G7 интересно е што целото нивно производство во земјава се состои исклучиво од домашни компании.

На седмо место е Јужна Кореја (94,5 GWh), исто така само со сопствено производство, а на осмо е Велика Британија (66,9 GWh), каде што ќе произведува и индиската групација ТATA.

„Виенски стандард“ објави анализа на австрискиот технолошки институт, која предвидува силна улога на литиумот во побарувачката за производство на батерии во периодот меѓу следните пет и десет години, иако веќе има пазарни алтернативи.

Во моментов, Европската унија е речиси целосно зависна од увозот на литиум, нагласува институтот, а Европската комисија очекува дека побарувачката за литиум на ниво на ЕУ ќе се зголеми за 12 пати до 2030 година.

 





НАЈНОВИ