Македонска премиера на новата Opel Frontera!

Од Opel гордо кажуваат дека секој може да биде херој во очите на неговото дете, но само еден е семеен херој во очите на сите. Да, зборуваат за Frontera, која денес ја имаше својата македонска премиера.

Денес Еуроимпекс и официјално ја откри Frontera пред македонските медиуми и македонската јавност. Секако, ние веќе имавме можност да се запознаеме со Frontera на интернационалната презентација минатата година и среќни сме што новиот германски SUV пристигна и во Македонија.

На самата прмоција на моделот имавме можност да видиме две уникатни верзии – едната во промотивната Kanyon портокалова боја во GS ниво на опременост, а другата во Edition ниво на опременост, со впечатлив и необичен дизајн на Khaki зелена боја, бел кров, плус за дополнителен ретро ефект, челични тркала во бела боја. Ако се прашуваме, токму оваа верзија е најфраерската. Плус, имаше и кровен шатор за четири лица – за оние храбрите кои навистина уживаат во авантурите!

„Новата Opel Frontera е секојдневен херој кој семејствата го посакуваат. Со својот робустен дизајн, комфор, многу простор, економичен и достапен по навистина прифатлива цена – ова е вистинскиот автомобил дизајниран за сите Вашите секојдневни животни авантури. И не, не е автомобил наменет само за семејства и за оние кои сакаат опција со 7 седишта, туку е наменет и за сите лица кои се љубители на авантури и сакаат со своето возило да добијат многу можности.“ – изјави Томислав Нафидов, Бренд Менаџер во Еуроимпекс.

Новата Opel Frontera се нуди на македонскиот пазар по изненадувачка цена од 21.000 Евра за Edition Ниво на опременост и 110 КС во HYBRID верзија и автоматски менувач со електрична паркирна сопирачка. Понатаму, за купувачите да добијат уште повеќе – за доплата од 1.000 Евра на оваа опрема се добива и кожен управувач, наслон за рака, 10 инчен екран во боја со навигација, камера за возење наназад и безжичен полнач за телефон!

„Вистинската супермоќ на Opel Frontera е токму нејзиниот фокус на деталите кои го чинат секодневното функционирање и однос помеѓу возачот и возилото. Ова се огледува во јасниот, робустен изглед и продолжува во воздушестиот, флексибилен ентериер.

Бројни практични решенија и многу голем багажен простор од 1.600 литри. Со патентираната функција Intelli-Seat за возачот и совозачот, Opel повторно ги прави иновациите за седиштата достапни за широк спектар на клиенти. Покрај тоа, инфозабавниот систем и другите системи кај Frontera, за разлика од многу нови патнички автомобили, можат да се управуваат лесно и интуитивно. На пример, Frontera Hybrid од основно ниво на опременост доаѓа со станица за паметни телефони како стандард што им овозможува на патниците да го користат својот мобилен уред како извор на инфозабава.“ – Изјави Драган Јовев, Продукт Менаџер на Опел во Еуроимпекс.

Новата Frontera може да биде и електрична, што ја прави поефикасна и во исто време погодна за секојдневна употреба. На пример, целосно електричната Frontera Electric со моќност од 83 kW (113 КС) и батерија од 44 kWh (употреблив капацитет) може да помине до 305 km (според WLTP) со едно полнење. За да се наполни батеријата до 80% од капацитетот потребни се само 26 минути на станица за брзо полнење од 100 kW DC. А со верзијата со долг опсег, што ќе следи во иднина, ќе биде можно да се поминат до околу 400 km.

Новата Frontera е веќе достапна во салоните. За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница или еден од салоните на Opel низ Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НАЈНОВИ