Порше во загуба – речиси милијарда евра минус во третиот квартал

Германскиот производител на спортски автомобили,Порше, објави сериозни финансиски загуби во третиот квартал од 2025 година, со оперативен минус од 967 милиони евра, што е првпат по листањето на берза во 2022 година компанијата да се најде во „црвено“.

За споредба, во истиот период минатата година Porsche имаше оперативен профит од 974 милиони евра. Во првите девет месеци од 2025 година, оперативниот профит на компанијата изнесува само 40 милиони евра, во споредба со 4 милијарди евра во истиот период од 2024 година.

Падот на профитот се припишува на намалена побарувачка за електрични модели, намалена продажба во Кина и зголемени царини во САД. Компанијата претходно најави дополнителни трошоци од 1,8 милијарди евра поради напуштање на развојот на целосно електричен модел, заменет со нови бензински и хибридни автомобили.

Продажбата во Кина падна за 26%, додека во САД забележан е раст од околу 5%, но со предизвици поради царини. Поради сето ова, Porsche ја намали прогнозата за оперативна маржа за 2025 година на 0-2%, во споредба со 14% минатата година.

Компанијата очекува дека оваа година ќе биде најтешка во финансискиот поглед, додека продолжува со реорганизација на производната линија и стратегијата за иднината.

НАЈНОВИ