Култниот американски бренд Ram доаѓа во Европа: еве го првиот модел

Американскиот бренд RAM, познат по своите големи pick‑up возила, конечно планира значајно влегување на европскиот пазар. Првиот модел што ќе се појави во Европа е компактниот „lifestyle“ pick‑up Ram Rampage, развиен во Бразил.

Rampage е долг 5.028 mm, околу 30 сантиметри пократок од конкурентот Volkswagen Amarok, што го прави многу по-погоден за европските улици. Моделот е поставен помеѓу SUV возила и средни pick‑upови, таргетирајќи возачи кои сакаат возило за секојдневна употреба, но и за активен стил на живот.

Возилото е развиено на Small Wide платформата, која ја дели со модели како Jeep Compass и Alfa Romeo Tonale. Во Јужна Америка се нуди со турбодизел 2.2 л/200 КС и бензин 2.0 л/272 КС мотори.

Премиерата во Европа е закажана на саемот Fieracavalli во Верона од 6 до 9 ноември, кога се очекуваат и првите информации за цени и спецификации за европскиот пазар.

Овој потег на Ram брендот е интересен за купувачите од Балканот бидејќи носи американска „pickup“ традиција во покомпактен, европски формат. Помалите димензии и практичната архитектура на Rampage може да го направат популарен меѓу возачите кои сакаат комбинација од робусност и секојдневна употребливост.

НАЈНОВИ