Јужнокорејскиот Hyundai го претстави својот најнов концепт – Boulder, робустен теренец кој со својот изглед и карактер јасно таргетира икони како Mercedes-Benz G-Class.
Концептот беше претставен на Саемот во Њујорк и веднаш привлече внимание со својот агресивен, „коцкаст“ дизајн, кој е типичен за вистинските оф-роуд возила. Моделот е поставен на body-on-frame платформа, што значи дека е создаден за сериозни теренски услови, а не само за градско возење.
Hyundai не крие дека со овој концепт сака да влезе во сегментот на вистински теренци, каде доминираат модели како G-Class, Jeep Wrangler и Ford Bronco.
Boulder се издвојува со:
огромни 37-инчни оф-роуд гуми
висока шасија и нагласени крила
резервно тркало поставено на задната врата
практични решенија како двојно отворање на багажникот
Внатрешноста е исто така во оф-роуд стил, со физички копчиња, робусни материјали и функционален дизајн, наместо целосна дигитализација – нешто што љубителите на авантуристички возила особено го ценат.
Овој концепт не е само дизајнерска вежба – Hyundai јасно најавува дека ова е почеток на нова линија на вистински теренци, па не е исклучено сериска верзија да се појави во блиска иднина.
Со Boulder, Hyundai прави јасен чекор кон сегментот на „тврдокорни“ SUV модели, каде досега немаше сериозно присуство – и директно им фрла ракавица на најголемите играчи во класата.