Шкода подготвува голема технолошка надградба за Октавиа, која во следната генерација ќе добие нови хибридни и plug-in хибридни погони. Чешкиот производител сака да ја задржи Octavia конкурентна во време кога побарувачката за електрифицирани модели постојано расте, особено на европскиот пазар.
Според првичните информации, новата Octavia ќе добие full-hybrid систем базиран на новата Volkswagen Group технологија, која овозможува кратки возења само на електрична енергија без потреба од полнење. Овој систем прво ќе дебитира кај новиот Volkswagen T-Roc, а потоа ќе биде вграден и во Octavia.
Покрај класичниот хибрид,Шкода ќе го врати и plug-in hybrid моделот Octavia iV. Според германски медиуми, новата генерација PHEV ќе комбинира 1.5 TSI бензински мотор со електромотор и системска моќност од околу 204 КС, додека електричната автономија би можела да достигне дури 140 километри според WLTP циклусот.
Шкода веќе ја развива новата генерација plug-in системи кај Superb и Kodiaq, каде се користи батерија од 25,7 kWh и DC полнење до 50 kW. Слична технологија се очекува и кај идната Octavia iV, што би претставувало голем напредок во однос на претходниот модел.
Во ентериерот се очекуваат нов инфозабавен систем, поголеми дигитални екрани и унапредени асистенции за возачот. Škoda ќе продолжи да се фокусира на практичноста и пространоста, што традиционално е една од најсилните страни на Octavia.
На Reddit и автомобилските форуми реакциите се претежно позитивни, особено поради враќањето на plug-in hybrid верзијата. Дел од корисниците сметаат дека токму комбинацијата од голем простор, ниска потрошувачка и долга електрична автономија може повторно да ја направи Octavia една од најпосакуваните семејни коли во Европа.