Кога станува збор за купување половен автомобил, сигурноста и ниските трошоци за одржување се најважните фактори. Еден искусен механичар издвоил три модели кои според него се меѓу најдобрите избори на пазарот на користени возила.
Toyota Corolla
Toyota Corolla со години важи за еден од најсигурните автомобили во светот. Механичарите посебно ги пофалуваат бензинските мотори и едноставната механика, која ретко создава сериозни дефекти.
Corolla е позната и по ниските трошоци за сервисирање, добра потрошувачка и долготрајност. Со редовно одржување, многу примероци без проблем поминуваат повеќе од 300.000 километри.
Honda Civic
Honda Civic е уште еден модел што често се препорачува како сигурен половен автомобил. Civic е познат по издржливите мотори, ниската потрошувачка и солидниот квалитет на изработка.
Според механичарите, кај повеќето генерации ретко се појавуваат големи дефекти, а автомобилот нуди и добро возачко искуство.
Mazda 3
Mazda3 е третиот модел на листата. Освен сигурност, Mazda 3 нуди и динамично управување и квалитетен ентериер.
Skyactiv бензинските мотори се покажале како економични и долготрајни, а автомобилот има помалку електронски проблеми во споредба со дел од европските конкуренти.
Механичарите нагласуваат дека без разлика на моделот, најважно е автомобилот да има уредна сервисна историја и да биде добро одржуван. Проверка кај доверлив сервис пред купување секогаш е добра инвестиција.