Фановите на Maserati конечно можат да здивнат – легендарниот италијански бренд останува дел од долгорочните планови на Stellantis. Компанијата најави нова стратегија што вклучува големи инвестиции во технологии и нови модели, а меѓу најважните вести е развојот на два нови Maserati автомобили со помош на кинески партнери.
Според информациите што доаѓаат од Кина, Stellantis и Maserati веќе водат разговори со Huawei и кинескиот производител JAC за заеднички развој на идни електрични модели. Планот е Huawei да обезбеди софтвер и напредни технологии, JAC да биде задолжен за производство, додека Maserati ќе се фокусира на дизајнот и луксузниот имиџ на автомобилите.
Новиот план доаѓа во тежок период за италијанската марка. Продажбата на Maserati во 2024 година паднала за дури 57 проценти, а актуелната понуда денес е сведена на моделите Grecale, GranTurismo, GranCabrio и MCPura.
Според Stellantis, Maserati треба да стане „чист луксузен бренд“, а во подготовка се два нови големи модели од E-сегментот. Деталите засега не се откриваат, но се очекува повеќе информации да бидат објавени до крајот на годината.
Во меѓувреме, компанијата веќе работи на освежување на актуелните модели. Redizajnirani GranTurismo, GranCabrio и Grecale добиваат помодерен изглед и технолошки подобрувања, иако многумина сметаат дека Maserati има потреба од многу посериозна трансформација за повторно да стане конкурентен на Porsche, BMW M и Mercedes-AMG.
Аналитичарите сметаат дека партнерството со кинеските компании може значително да ги намали трошоците за развој на нови електрични модели, но истовремено постои страв дека Maserati би можел делумно да го изгуби својот традиционален италијански идентитет.