Почетна Актуелно По царините с...

По царините стигнува ново ограничување? ЕУ подготвува удар на кинеските хибриди

12

По воведувањето на дополнителни царини за целосно електричните автомобили, Европската унија сега размислува да го ограничи уvoзот на кинески хибриди и плаг-ин хибриди на 350.000 возила годишно.

Според поверлив документ до кој дошол Bloomberg, новата мерка би можела да стапи на сила веќе на 1 декември 2026 година и да важи во период од четири години. По долготрајни преговори меѓу Брисел и Пекинг, целта е да се воспостави механизми кои ќе го забават брзиот продор на кинеските производители на европскиот пазар.

Квоти и можност за зголемување
Планот предвидува годишна квота од 350.000 возила со можност за благо зголемување од шест отсто секоја година. сепак, сè уште не е прецизирано какви санкции би следеле доколку оваа бројка биде надмината — дали станува збор за дополнителни царини или целосна суспензија на увозот.

Додека производителите како BYD, Chery и MG забележуваат голем раст токму благодарение на хибридните модели кои досега беа поштедени од строгите ограничувања, новата политика би можела значително да ја промени динамиката на пазарот. Минатата година во ЕУ беа увезени повеќе од 1,1 милион возила од Кина, а очекувањата се дека таа бројка дополнително ќе порасне.

За да биде целосно усогласен со правилата на Светската трговска организација (WTO), предлогот формално ќе мора да ги опфати и другите пазари, а конечната одлука се очекува на претстојниот состанок на лидерските структури во Брисел.