
Jeep и официјално потврди дека популарниот моделот Jeep Renegade се враќа на европскиот пазар, но неговото пристигнување во салоните не треба да се очекува пред 2030 година. Оваа најава доаѓа само една година откако беше запрено производството на првата генерација, која за единаесет години на европскиот пазар беше продадена во над 610.000 примероци.
Клучни новитети на новиот Renegade:
Нова платформа: Се очекува моделот да се базира на новата модуларна архитекутура STLA One на групацијата Stellantis, која поддржува електрични, хибридни и класични мотори со внатрешно согорување.
Погон 4×4: Од компанијата потврдија дека новиот Renegade, како и сите идни модели на марката за европскиот пазар, ќе биде достапен со легендарниот погон на сите тркала (4×4).
Ширење на европската гама: Враќањето на Renegade е дел од пошироката стратегија на Jeep според која европската понуда до 2030 година ќе биде проширена на вкупно шест модели.
Иако засега се чекаат повеќе технички детали за моторизацијата, флексибилноста на новата платформа гарантира дека на купувачите ќе им бидат понудени напредни електрифицирани верзии.