Почетна Актуелно Фијат подготв...

Фијат подготвува изненадување: Новиот мал електричен модел ќе се вика Коала и ќе биде инспириран од легендарниот „Спачек“

28

ФИАТ за 2027 година најавува нов мал електричен автомобил кој го носи името Коала, а инспирацијата за неговиот дизајн и концепт ја црпи од легендарниот Citroën 2CV.

Иако се очекувало овој градски автомобил да биде претставен на неодамнешниот Салон на автомобили во Париз, италијанскиот производител се одлучил да ја изненади јавноста со други концептни решенија, додека деталите за новиот модел ги откри извршниот директор на брендот, Арно Белони.

Нова платформа и компактни димензии
Новиот модел ќе се темели на новата платформа за електрични возила E-Car од групацијата Стелантис (Stellantis). Според најавите, возилото е дел од новата категорија на попристапни електрични автомобили со должина под 4,2 метри, чиј концепт донекаде е инспириран од јапонските кеи-автомобили, но прилагоден на европските потреби.

Производството е планирано во фабриката во Италија, каде што Коала треба да се произведува заедно со новениот цитроен инспириран од славниот француски класит, а можно е во проектот да се вклучи и сродно возило од брендот Опел.

Фокус на практичноста и достапноста
Иако засега не се објавени конкретни технички спецификации, цени или точен датум на премиерата, се очекува овој модел да се приклучи на сѐ пошироката понуда на компактни градски возила на марката, нудејќи им на купувачите оригинален дизајн, практичност и попристапна цена во ерата на електричната мобилност.