Почетна Актуелно BYD не запира...

BYD не запира: Седум нови модели пристигнуваат до крајот на годината

6

Кинескиот BYD планира во последното тримесечје од 2026 година да претстави седум нови автомобили, почнувајќи од прифатливи градски модели па сѐ до електрични спортски автомобили вредни над 130.000 евра, со цел зајакнување на продажбата и конкурентноста на пазарот.

Според наводите на кинеските медиуми, компанијата подготвува голема пазарна офанзива со возила кои ги покриваат сите клучни сегменти.

Новите модели и клучни новитети:
BYD Dahan EV: Новата фаза започнува со електрична лимузина од средната и повисока класа наменета за семејства и бизнис корисници, чија претпродажба веќе започна по цена од околу 40.000 евра.

BYD Tang (Трета генерација): Претставувањето на популарниот SUV се очекува во текот на октомври и ноември.

Seagull (Втора генерација): Во рамките на семејството Ocean, најважната новост е новиот „голем Seagull“ со пет седишта наместо претходните четири, наменет за градско возење и пократки патувања.

Seal 07: Електрична лимузина со изразен спортски карактер.

Fangchengbao (Shark и Titanium 9): Брегот кој бележи голем раст на продажбата до крајот на годината треба да ја збогати понудата со овие два нови модели.

Denza Z: Врвот на понудата е спортски автомобил со три изведби (купе со фиксен кров, кабриолет и тркачка варијанта), чии цени се движат од приближно 170.000 до 200.000 евра.

Зошто е важна оваа офанзива?
Податоците покажуваат дека BYD од јануари до септември продал 3,316 милиони возила широм светот, што претставува благ пад од 3,94 отсто во споредба со истиот период минатата година. токму поради тоа, последното тримесечје е од клучно значење.

Аналитичарите сметаат дека прифатливите и семејните модели ќе бидат пресудни за зголемување на обемот на продажбата, додека луксузните автомобили треба да го зајакнат имиџот и профитните маржи на брендот.