
Ауди ја унапредува дигиталната технологија во своите автомобили со интеграција на Spotify директно во мултимедијалниот систем. Новата функционалност овозможува возачите да слушаат музика и подкасти без потреба од поврзување на мобилниот телефон преку Bluetooth или USB-кабел.
Апликацијата Spotify е достапна преку Audi Application Store кај поддржаните модели, овозможувајќи пристап до омилените песни, плејлисти и подкасти директно од екранот на автомобилот.
За користење на услугата, возачите треба да се најават со својот Spotify профил. Интернет-пристапот на возилото овозможува стриминг на музичката содржина, додека управувањето е можно преку мултимедијалниот систем, а кај поддржаните возила и со гласовни команди.
Меѓу моделите што ја поддржуваат оваа технологија се наведуваат Audi A5, Audi Q5, Audi A6 и електричните Audi A6 e-tron и Audi Q6 e-tron, зависно од опремата и верзијата на системот.
Со оваа интеграција, Audi продолжува да ги поврзува дигиталните услуги со секојдневното возење, нудејќи полесен пристап до музичката содржина и помала зависност од мобилниот телефон во кабината.
Достапноста на функцијата може да се разликува во зависност од моделот, годината на производство, пазарот и опремата на автомобилот.