Почетна Актуелно Chery ја прет...

Chery ја претстави новата Omoda X: SUV со теренски амбиции, хибриден и електричен погон

16

Кинескиот автомобилски производител Chery го претстави новиот модел Omoda X, SUV со футуристички дизајн, нагласени теренски елементи и повеќе погонски опции. Новитетот е замислен како автомобил што ќе ги комбинира удобноста за секојдневно возење со можноста за движење надвор од асфалтираните патишта.

Светската премиера се одржа во кинескиот град Вуху, а Omoda X го најавува новиот дизајнерски правец на брендот, со остри линии, нагласени крила и геометриски детали кои му даваат робустен и модерен изглед.

## 200 милиметри оддалеченост од земјата

Една од најинтересните карактеристики на новиот модел е оддалеченоста на каросеријата од земјата од околу 200 милиметри. Според најавените податоци, возилото е предвидено да совладува водени пречки со длабочина до околу 700 милиметри.

Се најавува и капацитет за влечење приколка до 1.800 килограми, додека покривот ќе може да носи товар до 75 килограми. Овие карактеристики би можеле да го направат интересен избор за возачите кои сакаат S