Почетна Актуелно Audi инвестир...

Audi инвестира четири милијарди долари во САД: Се подготвува производство на големи SUV модели

5

Германскиот премиум производител планира изградба на своја прва фабрика во САД со капацитет од 200.000 возила годишно, со цел да ги избегне новите американски царини.

Audi планира да ја изгради својата прва фабрика во Соединетите Американски Држави, во која ќе инвестира околу четири милијарди долари. Новиот погон во сојузната држава Џорџија треба да обезбеди работа за 4.500 луѓе, а предвидениот годишен капацитет изнесува до 200.000 возила.

Локална производство за поблиску до купувачите
Според најавите, изградбата на фабриката би требало да започне во 2027 година, додека почетокот на производствениот процес се очекува на почетокот на 2030-тите години. Локалната продукција ќе му овозможи на германскиот бренд да ги прави автомобилите поблиску до американските купувачи, да ја намали зависноста од увозот од Европа и да го ублажи ударот од надворешните царини.

Иако производителот сè уште официјално не потврди кои конкретни модели ќе се изработуваат таму, познато е дека фабриката ќе биде целосно наменета за големи, луксузни SUV модели приспособени на пазарот во Северна Америка. Како најсериозни кандидати се споменуваат идните генерации на моделите Q7 и Q9, а не е исклучена ниту новата генерација на купе-теренскиот модел Q8.

Стратешки потег во рамките на Volkswagen Group
Инвестицијата доаѓа во момент кога матичната компанија Volkswagen Group спроведува сеопфатна програма за намалување на трошоците и зголемување на профитабилноста, соочувајќи се со силна конкуренција.

Иако Volkswagen веќе владее со слични капацитети во рамките на брендот Scout Motors во Јужна Каролина, одлуката Audi да развие сопствен погон произлегува од специфичните технички и производствени барања за нивните врвни луксузни возила. Со овој чекор, Audi се надева дека значително ќе ја зацврсти својата позиција на едно од најважните светски пазари за луксузни автомобили.