Почетна Актуелно Колкав е вист...

Колкав е вистинскиот домет на радарите и дали можат да ве снимаат откако ќе ги поминете?

19

Многу возачи често се потпираат на погрешни претпоставки кога станува збор за работата на сообраќајните камери и радари. Еве како навистина функционираат уредите за мерење брзина и дали можат да ве „уловат“ откако веќе сте поминале покрај нив.

1. Колку можат да мерење преносните и ласерските радари?
Технички домет: Класичните преносни и ласерски уреди можат да ја мерат брзината на возилата и на оддалеченост поголема од 500 метри.

Во пракса: Од практични причини – за да може јасно да се види регистарската табличка на возилото – мерењето и фотографирањето на прекршоците најчесто се врши на растојание од 150 до 300 метри.

Градски камери: Кога станува збор за фиксните камери во урбаните средини, тие најчесто го забележат прекршокот на многу пократка оддалеченост, обично од 10 до 100 метри пред самиот столб.

2. Дали радар може да ве сними откако ќе го поминете?
Да, може. Ова целосно зависи од типот на уредот и начинот на мерење. Одредени радари имаат можност да ја мерат брзината на возилата што се оддалечуваат од нив, а не само оние што им се приближуваат. Затоа, погрешно е верувањето дека сте сигурни чим го поминете полициското возило или камерата.

Дополнително, денес сѐ повеќе се користат и модерни „суперрадари“, кои можат самостојно да покриваат повеќе сообраќајни ленти истовремено, снимајќи го не само пречекорувањето на брзината, туку и некористењето сигуносен појас или користењето телефон во вожња.

3. Како функционира системот за просечна брзина на автопат?
За разлика од класичните мерлери во одреден момент, системите за просечна брзина пресметуваат колку време му било потребно на возилото да помине одредена делница.

Важна забелешка за возачите е што контролирањето не се врши само меѓу две наплатни рампи, туку се користат и таканаречени меѓусекции. Тоа значи дека системот може да утврди пречекорување на просечната брзина дури и ако возачот успори само непосредно пред камерата.

Заклучок
Не постои едно правило или фиксирана оддалеченост што важи за секој радар. Најсигурниот начин да избегнете казна не е потпирањето на проценката на домет, туку строго почитување на ограничувањата и прилагодување на брзината според условите на патот.