
Познатиот италијански дизајнерски студио GFG Style, зад кое стојат Џорџето и Фабрицио Ђуџаро, претстави импресивен и единствен примерок наречен Peralta D – модерен Maserati GranTurismo со рачно обликувана бакарна каросерија.
Премиерата се одржа на 24 октомври на настанот Pastejé Automotive Invitational 2026, а овој фасцинантен автомобил веќе е дел од ексклузивната колекција на мексиканскиот бизнисмен Карлос Пералта. Проектот е посветен на неговите ќерки, додека минатогодишниот модел Peralta S (базиран на Maserati MC20) беше наменет за неговите синови.
Бакарна обвивка и впечатливи врати во стил на галеб
Дизајнот се заснова на остри линии и чисти површини кои креираат совршена геометриска хармонија. Стандардните панели на каросеријата се заменети со рачно обликувани бакарни делови, потпирани на цврста основа од јаглеродни влакна и алуминиум.
Посебно внимание привлекуваат уникатните решенија за пристап во внатрешноста (со распоред на седишта 2+2): предниот дел од кровот се подига нанапред, додека четирите врати се отвараат нагоре како галебови крила. Големите стаклени површини се во бакарен тон, усогласени со целокупниот изглед на возилото.
Луксузен ентериер и моќна моторизација
Внатрешноста комбинира дигитални инструменти и централна конзола од Maserati со дополнителен екран за сопатникот, осветлено огледало, како и специјален држач за шампањ сместен меѓу задните седишта. Луксузните бакарно-златни прекривки се дополнително збогатени со кафеава кожа и контрастни шевови.
Иако од студиото GFG Style не ги објавија официјалните технички спецификации, присуството на четири издувни цеви на задниот дел јасно покажува дека овој уникат под хаубата скрива моќен моторизиран погон – најверојатно стандардниот 3.0-литарски V6 мотор со два турбополначи кој во зависност од изведбата испорачува меѓу 490 и 550 коњски сили.
Центата за овој уметник на четири тркала останува непозната, но со оглед на неговата уникатност, станува збор за милионска вредност.