Почетна Актуелно Голем пресврт...

Голем пресврт во британскиот гигант: Range Rover ги гаси моделите Evoque и Velar, новата „нула“ станува моделот GT

5

Компанијата JLR (Jaguar Land Rover) официјално потврди дека до 2027 година ќе стави крај на производството на популарните SUV модели Range Rover Evoque и Range Rover Velar. Иако возилата ќе се продаваат на одбрани пазари сè додека не се исцрпат залихите, компанијата нема план за нивни директни наследници.

Нова стратегија: Помалку модели, поголема заработка
Одлуката е дел од пошироката стратегија на JLR со која брендот се насочува кон уште побогата клиентелизација, ставајќи ја поголемата маржа и заработката по продадено возило пред целокупниот обем на продажба. Evoque и Velar со години беа главни столбови во продажбата кои привлекуваа купувачи со попристапни цени, но сега нивната улога во почетниот сегмент се префрла на други брендови во рамки на групата, како што се Defender и Discovery.

По нивното повлекување, гамата на Range Rover ќе се сведе на само три линии: новиот GT, Range Rover Sport и класичниот Range Rover.

Range Rover GT како нов почетен модел
Улогата на новиот влезен модел во семејството ќе ја преземе футуристичкиот Range Rover GT, чија почетна цена во Обединетото Кралство се очекува да изнесува околу 90.000 фунти (нешто под 108.000 евра). Ова претставува огромен скок во однос на досегашната почетна цена на Evoque, со што марката цели кон целосно нов профил на купувачи.

Платформа и погон: Моделот GT е поставен на модерната платформа EMA (Electrified Modular Architecture) отворена за електрични погони. На пазарот најпрвин ќе се појави како чисто електричен автомобил, додека хибридните верзии се најавени за подоцна.

Дизајн: Иако го зазема местото на почетен модел, GT не е класичен SUV – шпиунските фотографии откриваат линии кои повеќе потсетуваат на елегантен crossover-coupe.

Досег: Целниот досег според WLTP циклусот изнесува околу 600 километри, а глобалните нарачки се веќе отворени.

Улогата на главниот традиционален SUV во понудата отсега целосно му се препушта на Range Rover Sport, чија електрична изведба исто така се очекува на пазарот.