AC Schnitzer Toyota GR Supra

Актуелната Toyota GR Supra, развиена во соработка со BMW, е популарен автомобил низ сцената на тјунинг, а една од многуте компании кои нудат комплетен пакет модификации за Supra е тјунерот на BMW AC Schnitzer…

AC Schnitzer нуди засилување за двата мотори. 3.0-литарскиот со шест цилиндр турбо мотор е засилен од 340 КС и 500 Nm максимален вртежен момент на 400 КС и 600 Nm вртежен момент, а 2.0-литарскиот со четири цилиндри турбо мотор со моќност од 258 КС и 400 Nm вртежен момент е засилен на 300 КС и 470 Nm вртежен момент.

Исто така, има и карбонски аеро комплет од јаглеродни влакна (преден спојлер, комплет за здолниште, голем заден спојлер), нов спортски издувен систем од нерѓосувачки челик, модифицирана суспензија, комплет од 20 и 21 инчни алуминиумски тркала AC Schnitzer, графика AC Schnitzer, како и и детали од алуминиум и јаглеродни влакна за внатрешноста.

Навистина прекрасно парче механика и технологија со врвна управливост и возбуда зад воланот.





НАЈНОВИ