Acura Performance EV Concept

Acura подготви нов концепт кој ќе биде претставен на Неделата на автомобили во Монтереј (Monterey Car Week 2024)…

Комбинирајќи го дизајнот на Coupe-SUV моделот со целосно електричен погон, оваа студија со Месечина – бела (Moonlit White) боја нуди поглед на идниот сериски модел што ќе се произведува во фабриката на Hondа во Охајо.

Performance EV Concept се одликува со долго меѓуоскино растојание и кратки настрешници, а исто така воведува целосно нов дизајнерски јазик за марката.

Се издвојува и задниот дел, кој доби светла со целосна ширина со LED графика и осветлен амблем Acura.

Покрај тоа, тука е и наведната линија на покривот, нагласени задни рамења и големи тркала од 23 инча, „обуени “во гуми со димензии 295/35R23.

Иако нема многу детали, се верува дека овој концепт е всушност најава за електрично возило кое Honda го задеваше минатата година и треба да се појави на пазарот во 2025 година.

Тоа ќе биде и нивното прво сериско возило што ќе ја користи новата EV платформа на компанијата.

„Концептот Acura Performance EV е архетип на Acura Performance во електрифицирана ера, целосно искористувајќи ја екстремната дизајнерска слобода на ставот и пропорциите што ги нуди нашата следна генерација EV платформа за да ги помести границите на дизајнот Acura уште повеќе“, рече Дејв. Марек (David Marek), извршен директор во Acura Design.

„Како и со нашите претходни концептни возила, Acura Performance EV воведува голем број дизајнерски теми кои ќе се видат на идните возила на Acura.

 





НАЈНОВИ