Оваа британска автомобилска марка во целосна сопственост на Кинезите на купувачите во Германија им дава неверојатна понуда : Купете еден електричен автомобил, добијте два…
Имено вториот автомобил е добиен за употреба (изнајмување) на четири години. Во Германија сега е започната ретко видена кампања. МG подарува електрични автомобили. За цена од еден, добивате два електрични автомобили MG4 Electric, кој е бестселер на германскиот пазар.
За оние кои ќе купат електричен автомобил MG4 во Германија до 31 јули 2024 година, ќе добијат втор примерок бесплатно од дилер на MG.
Како клиент, тогаш добивате втор автомобил во форма на бесплатен четиригодишен договор за изнајмување, пишува Auto Bild. Единственото нешто што всушност треба да платите се 988 евра за транспортни трошоци, пренесуваат агенциите.
Моделот MG4 е бестселер на компанијата во Германија и беше втор најпопуларен електричен автомобил во земјата во јуни по Volkswagen ID.3. Моделот MG е достапен во пет различни верзии со три големини на батерии. Основниот модел во Германија чини 34.887 евра со батерија со капацитет од 51 kWh.
Тешко е да се знае како MG има корист од кампањата, но бидејќи тие се во сопственост на кинеската SAIC Group, нивните автомобили ќе се соочат со најстрогите царини на ЕУ од дури 38,1 отсто, покрај 10 отсто што веќе постоеја.