Акциите на Xpeng се зголемуваат по лансирањето на електричниот автомобил Mona на масовниот пазар

Акциите на Xpeng пораснаа откако кинескиот производител на електрични автомобили го лансираше својот нов масовен бренд Mona во вторникот со цени почнувајќи од 16.812 долари, далеку под моделот 3 на Tesla…

Кинескиот производител на автомобили вели дека нарачките за електричниот Mona M03 (на сликата) надминале 10.000 единици само 52 минути по официјалното претставување на автомобилот во Пекинг.

Основниот Mona M03 има електромотор со моќ 140 kW/190 КС и батерија со капацитет од 51,8 kWh, додека автономијата според кинескиот CTLC стандард, со едно полнење на батеријта, е 515 km.

Акциите на Xpeng на американската берза пораснаа за 6,5% на тргувањето во Њујорк во вторникот, додека акциите со кои се тргува во Хонг Конг пораснаа за речиси 2% рано во средата.

„Со автомобилите по цена под 20.000 долари, Кина дополнително ја зацврстува својата нова позиција како светски центар за производство на автомобили “, рече Мајкл Дан (Michael Dunne), основач и извршен директор на консултантската фирма „Дан Инсајтс “ (Dunne Insights), за „Squawk Box Asia“ на CNBC во средата.

„Кина може да ги направи автомобилите поевтини од кој било друг во светот “, рече тој.

Акциите на Xpeng ги продолжија добивките во понеделникот, откако поднесените документи покажаа дека основачот и извршен директор на компанијата, Хе Ксијаопенг (He Xiaopeng), купил најмалку 1 милион акции од секоја од акциите на фирмата со кои се тргува во САД и Хонг Конг.

Вкупното купување од САД вредеше скоро 10 милиони долари, што му даваше околу 18,8% од вкупниот издаден капитал на компанијата.

Акциите на компанијта на Илон Муск (Elon Musk) – Tesla паднаа за речиси 2 отсто во вторникот. Акциите на кинеските производители на електрични автомобили Zeekr и Li Auto пораснаа, додека акциите на Nia затворија малку пониско.

 





НАЈНОВИ