Home Актуелно Audi Group ја стабилизираше заработката во првата половина од годината и покрај големите предизвици

Audi Group ја стабилизираше заработката во првата половина од годината и покрај големите предизвици

0
Audi Group ја стабилизираше заработката во првата половина од годината и покрај големите предизвици

Audi Group ги стабилизираше своите финансиски перформанси во вториот квартал од 2024 година….

Во исто време, Ауди пласира голем број нови модели на патиштата. По светската премиера на новиот Audi A5, вториот целосно електричен модел на Premium Platform Electric (PPE), Audi A6 e-tron, ќе следи на крајот на јули. Во исто време, Audi Group интензивно работи на остварување на своите економски цели.

Приходите во првата половина од годината изнесуваат 30,9 милијарди евра, што е пад од 9,5 отсто во однос на силната бројка од претходната година. Оперативната добивка беше 2,0 милијарди евра. Оперативната маржа достигна 6,4 отсто, а нето готовинскиот тек достигна 1,1 милијарда евра.

Audi Group испорача 843.991 возила во првите шест месеци. Уделот на електричните возила (BEV) се развива позитивно, со испорачани 76.657 единици (+1,3 проценти).

Во првата половина на 2024 година, групацијата Audi испорача 843.991 автомобили Audi, Bentley и Lamborghini (-8,2 проценти). Во оваа консталација има испораано и 32.098 мотоцикли Ducati (-8,6 отсто).

Брендот Audi ги зголеми испораките во вториот квартал за 10 отсто во споредба со првиот квартал од 2024 година, особено за целосно електричните модели (+15 отсто). Вкупно, испораките во првата половина од годинава изнесуваат 832.957 возила, што одговара на умерено намалување од 8,2 отсто во однос на истиот период лани. Причините за ова ги вклучуваа преовладувачките тесни грла во снабдувањето и различните промени на моделот, кои постепено влијаат на обемот. Испораките на целосно електрични модели се развија позитивно во првата половина од годината, зголемувајќи се за 1,3 проценти на 76.657 возила (H1 –прва половина од 2023: 75.647). Побарувачката за plug-in хибриди исто така значително порасна за околу 61 отсто на годишно ниво. Компанијата очекува понатамошен раст на испораките за втората половина од годината, исто така благодарение на новите модели.

Во Европа, целосно електричните модели на Audi имаат постојана побарувачка и покрај намалувањето или укинувањето на програмите за субвенционирање на голем број пазари. Со 48.332 испорачани електрични автомобили, испораките беа само 1,7 отсто помалку од претходната година. Севкупно, брендот Audi испорача 343.575 возила на европските клиенти во првата половина од годината, што претставува пад од 9,7 проценти. Испораките на домашниот пазар во Германија паднаа и на 102.511 испорачани возила.

Побарувачката за е-моделите на Audi продолжува да расте во САД. Брендот Audi испорача 11.121 електрични возила таму во првата половина од годината – што претставува зголемување од 10,2 отсто во споредба со истиот период минатата 2023 година. Со 92.913 модели, вкупните испораки, на модели со мотори на внатрешно согорување, електрифицирани и целосно електрични, се за 14,2 отсто помалку во споредба со истиот период лани.

Во Кина, брендот Audi останува робустен. Со испорачани 320.370 возила (-1,9 проценти), марката Audi остана речиси на нивото од претходната година и покрај посилната конкуренција и падот на премиум пазарот.

Во однос на првите три месеци од оваа година, бренд групацијата успеа да ги стабилизира финансиските перформанси во вториот квартал. Генерално, сепак, клучните бројки за првата половина од годината беа малку под силните бројки за истиот период минатата година. Приходите се намалени за 9,5 отсто на 30,939 милиони евра. Приходите усогласени со таксономијата на ЕУ паднаа за 0,9 процентни поени на 14,0 отсто на годишно ниво.

Во однос на оперативната добивка, Audi Group оствари 1.982 милиони евра во првите шест месеци од оваа година (H1 2023: 3.417 EUR). Оперативната маржа беше 6,4 (H1 2023: 10,0) проценти.