Банкротирана компанијата Recaro Automotive

Automobilwoche пишува дека Recaro Automotive поднела барање за стечај, што ги изненадило вработените во компанијата, како и синдикатот IG Metall…

Информациите доаѓаат од Окружниот суд во Еслинген. „Засега не е познато што значи тоа за 215-те вработени во Recaro Automotive GmbH во Киркхајм. Очекуваме дека ќе се искористат сите опции за да се обезбедат работни места и да се најде одржливо решение“, велат од синдикатот.

Работничкиот совет изрази разочарување, бидејќи работната сила помогна да се одржи компанијата економски стабилна со тоа што се согласи на одложување на платите. Исто така, работниците се разочарани и сметаат дека раководството ги изневерило (предало).

Во моментов, стечајот се однесува само на Recaro Automotive, што значи дека производството на авионски седишта, канцелариски и гејмерски столици и седишта за бебиња не се засегнати од овој потег





НАЈНОВИ