Home Технологија BMW ја брани масата од речиси два и пол тони на моделот М5

BMW ја брани масата од речиси два и пол тони на моделот М5

0
BMW ја брани масата од речиси два и пол тони на моделот М5

Ова беше најдоброто што можевме да го направиме, велат Баварзите за делото на експертите од нивната Performance дивизија…!

Со својот plug-in хибриден систем, новиот M5 има маса од 2444 kg, односно 450 kg повеќе од неговиот претходник.

Термините „два и пол тони“ и „спортски седан“ не треба да бидат во иста реченица, ако здраво разумно расудуваме, но како што рекле старите Римјани „ времињата се менуваат“.

Френк ван Мил (Frank van Meel), шеф на М-дивизијата на BMW, неодамна изјави за CarBuzz дека додавањето на тежок plug-in хибриден систем е единствениот начин да се одржи M5 во производство.

Според ван Мел, BMW сè уште не е подготвен да го направи М5 електрично возило, па затоа мораше да прибегне кон хибриден погон со досег од околу 70 километри на електрична енергија само за да ги почитува прописите за емисиите. Не е многу, но доволно е за возење низ град.

– На електричен М5 би му требале многу повеќе од само батерии. Потребна ви е целата архитектура, електроника, високонапонскиот систем – изјави ван Мел за CarBuzz.

– Значи, ова всушност беше најдоброто што можевме да го направиме.

Ван Мел инсистира дека М5 сè уште се однесува како вистински М5.

Имајќи предвид дека неговите емисии на CO2 се само 50 g/km според WLTP, во некои земји M5 ќе биде попристапен од нехибридната конфигурација дури и од моделот М3 поради намалените даночни поволности.