Home Featured BMW тестира нови електрични мотори

BMW тестира нови електрични мотори

0
BMW тестира нови електрични мотори

Германскиот производител најавува револуција

Германскиот DeepDrive разви ефикасни и евтини мотори кои сега се тестираат во електричните модели на BMW од новата генерација, попознати како Neue Klasse.

Револуционерна технологија со електрични мотори директно во главите на тркалата наскоро би можела да биде во производство.

Предностите вклучуваат помала потрошувачка, помала тежина, а овие мотори заземаат помалку простор. Од BMW наведува дека автомобилите можат да бидат полесни за 150 килограми во споредба со денешните модели. Новиот електричен мотор што го тестира BMW има двојни ротори, што треба да му даде одредени предности во однос на денешните електромотори.

Статорот ги придвижува и надворешниот и внатрешниот ротор. Заедно со BMW, DeepDrive ги тестира моторите во прототипови.

Моторите се веќе тестирани во новото електрично купе на BMW, пренесуваат специјализираните портали.

– Моторите DeepDrive генерално ги надминаа најавените карактеристики. Ова е невообичаено во толку рана фаза со целосно нова технологија – рече Карол Вирсик (Karol Virsik), шеф за концепт и технологија во BMW Group.

Новите мотори сместени во тркалата ќе бидат за 20 проценти поефикасни од денешните централно лоцирани електромотори. Секој мотор тежи 35 kg и нуди посебна контрола на вртежниот момент.

Стартапот DeepDrive сега работи со големиот подизведувач Continental за понатамошно развивање на технологијата.

Еден недостаток, сепак, е поголемата маса на тркалото, што може да ја загрози удобноста и издржливоста.

Тие исто така тешко се интегрираат со денешните компоненти за суспензија и сопирачки.

Предностите на моторот во „главата“ на тркалото се дека нема потреба од диференцијал или погонска осовина и дека се намалуваат загубите на моќност.

Screenshot

Се вели дека германската технологија може да користи диск и барабан сопирачки, а големината на моторот би требало да одговара на големината на стандардно тркало од 19 инчи.

Германскиот мотор има максимална моќност од 204 КС и возен вртежен момент од 1500 Nm.

Ова му дава максимална моќн од над 800 КС за автомобил со погон на четири тркала.

Сепак, континуираната моќност по мотор е 109 КС.