BMW XM 50e

Единствениот специјализиран модел во М дивизијата ориентирана кон перформанси е XM, кој се наметнува со огромна моќ, импресивни димензии и огромна маса…

Како еден од најтешките модели на BMW во боја М, XM се брани со огромната моќ на plug-in хибридниот погон. Сепак, за да го направи овој модел малку попристапен, BMW на почетокот на годината ја лансираше верзијата 50e.

Ова е исто така хибрид, но со значително поскромни перформанси. Наместо V8 мотор, главниот збор тука го има  мотор со шест цилиндри во линија, со работен волумен од 3,0-литр нафргаден со турбо полнач во пар со електричен мотор интегриран директно во Steptronic Sport менувачот со осум (8) степени на пренос. Синергично, тие имаат моќност од вкупно 476 КС и 700 Nm максимален вртежен момент.

Звучи импресивно, но кога ќе се додаде другата страна на равенката со маса од 2695 kg, јасно е дека перформансите ќе бидат на самиот раб на влегување во доменот на светот на М Performance.

Фабричките податоци велат дека ќе забрзува од 0 до 100 km/h за 5,1 секунда и нема да „попушти“ се до електронски ограничени 250 km/h.

Доколку вози само на струја, максималната брзина е 140 km/h, а досегот со батерии со капацитет од 25,7 kWh е нешто повеќе од 80 km.

Декларираната потрошувачка е до 1,7 l/100 km гориво, но и не така малите 32,2 kWh/100 km, според тоа што го пренесуваат информативните агенции.

Сепак, на крајот на краиштата, најмалку убедлив податок е забрзувањето, кое е уште полошо од некои модели кои не ги нуди М дивизијата.

На пример, до неодамна достапниот дизел X3 M40d забрзува за 4,9 секунди, како и M235i Gran Coupe.

Единствените полоши од XM се далеку помалите, поевтините и послабите X1 и X2 M35i, кои што забрзуваат од 0 до  100 km/h за 5,4 секунди.

А ако се прашувате колку чини XM 50e, цената на германскиот пазар е 132.400 евра.

Колку само за споредба ќе наведеме дека на пример, X5 xDrive50e чини дури 38.400 евра помалку, а во исто време е побрз и има подолг досег.

Да не зборуваме дека и M верзиите на V8 моторот се поевтини.





НАЈНОВИ