BMW за електричниот M3 најавува перформанси какви што марката никогаш досега не ги имал

Веќе извесно време BMW се подготвува за сериозен влез во светот на електричните автомобили со новата платформа Neue Klasse…

Дел од тоа секако ќе бидат спортските автомобили, а сега се знае што ќе ги вози. Како што потсетуваат специјализираните портали, BMW веќе некое време работи на систем со четири мотори и се очекува да го лансира својот прв спортски седан во 2026 или 2027 година.

Ќе се продава паралелно со моделот М3, кој секако има бензински мотор. Овој модел можеме да го наречеме и електричниот M3, иако ќе биде на друга платформа.

Шефот на М одделот Френк ван Мил (Frank van Meel) рекол дека електричниот погонски систем ќе достигне 1341 КС или 1000 kW.

Тој тврди дека новиот електричен спортски автомобил ќе победи се што сте виделе. BMW развива сопствени електрични мотори и верува дека новата генерација ќе биде репер за сите други, пишува Motor Trend.

Новиот електричен спортски седан на BMW се предвидува да биде автомобил со најбрзо забрзување во историјата на марката, на кој му се потребни помалку од 3 секунди за да достигне 100 km/h.

Електричните мотори би можеле да се ладат на вода и масло, а електричната архитектура од 800 волти ќе овозможи ултра брзо DC полнење.

Ван Мел откри и дека батериите на спортскиот модел ќе имаат поинаква хемија од другите модели на Neue Klasse и ќе имаат подобрен систем за ладење. Производителот на автомобили смислил систем кој може да ја контролира шасијата на автомобилот и прецизно да го регулира вртежниот момент на секое тркало, подобрувајќи ја динамиката на автомобилот и правејќи да се чувствувате како Алиса во земјата на чудата со BMW.

 

Во BMW размислуваат и за електрично возило со два електро мотори, со погон на задните тркала.

Овој модел би користел сличен хардвер и софтвер, но би имал помала моќност од верзијата со четири електрични мотори.





НАЈНОВИ