Brabus повторно ја поместува границата на луксузот и перформансите. Тјунерот ја претстави својата најнова ексклузивна креација базирана на Mercedes-AMG G 63 – две специјални верзии што ќе чинат околу еден милион евра, секоја ограничена на само 50 примероци.
### **Brabus 800 Cabrio*
Првата изведба е кабриолет верзија на G-класата, дизајнирана со целосно редизајнирана каросерија. Brabus ја изработи структурата со CAD-технологија и ја тестираше под екстремни услови.
Под хаубата се наоѓа 4.0 V8 twin-turbo мотор со **800 КС и 1.000 Нм**, што овозможува спринт до 100 км/ч за само **4 секунди**.
Внатрешноста е обложена со премиум кожа во комбинација Oxford Sand и Cairos Brown.
Цена: 761.500 евра (без ДДВ).
**Brabus XL 800 Cabrio**
Втората изведба е наменета за оние што сакаат G-класата да биде и луксузна и непобедлива во офроуд услови. Моделот добива **портални осовини** и подигнатост од импресивни **47,9 сантиметри**.
Моторот е ист како кај Cabrio, но поради теренската конфигурација забрзува до 100 км/ч за **4,6 секунди**, а максималната брзина е ограничена на 210 км/ч.
Цена: **887.600 евра** (без ДДВ).
Со вакви спецификации и со толку ограничена продукција, двата модели се вистински колекционерски парчиња — за оние на кои им е малку „обичната“ G-класа.