BYD го откажа застапништвото во Германија, продажбата на автомобили е лоша

Многу се пишува и зборува за големиот наплив на кинеските производители на автомобили, но тој бран најмногу го погоди домашниот кинески пазар, каде германските и јапонските марки бележат послаби продажни резултати, додека локалните брендови бележат напредок…

Во Европа се планира голема кинеска инвазија, но тој „Ден Д “ никогаш нема да се случи, освен посериозно навлегување на МG на некои пазари. Останатите производители се уште се на скромни бројки, а еден од нив е BYD кој има големи планови и скромна реализација.

BYD продаде само 1.432 возила во Германија од јануари до крајот на јули оваа година, а тоа е многу скромно, пишуваат специјализираните портали во Европа.

BYD го спонзорираше и Европското фудбалско првенство, но засега нема резултат, односно да ја употребам терминологијата на најпопуларната игра во светот, убедливо губи на гостински терен.

Затоа BYD направи важен чекор и го одзеде претставништвото на компанијата Hedin Mobility Group и директно ќе го следи увозот и продажбата на возила од Кина, користејќи ја својата компанија во Германија, пишува Focus Online.

Инаку потсетуваме, BYD продава голем број возила во Германија: Dolphin, Atto 3, Seal, Seal U…

Идејата е да се прошири дилерската мрежа во Германија, а нешто мора итно да се преземе бидејќи BYD ја гради првата европска фабрика во Унгарија. Зошто фабрика ако значителен дел од пазарот не е освоен?

 





НАЈНОВИ