BYD продолжува да се шири во странство

Водечкиот кинески производител на електрифицирани автомобили BYD ги засилува напорите да се прошири надвор од Кина и покрај зголемените царини за кинеските електрични возила на Запад…

Воедно бележи исклучителни деловни резултати. Во првото полугодие успеал да ја зголеми добивката за четвртина, а приходите за 16 отсто.

BYD, со седиште во Шенжен и котирана на берзата во Хонг Конг, е најважниот производител на електрични возила во Кина, пренесува француската агенција АFP.

Во првата половина од оваа 2024 година оствари нето добивка од 1,91 милијарди американски долари, што е за 24,4 отсто повеќе отколку во истиот период во  минатата 2023 година. Годишната продажба порасна за 15,8 отсто на 42,3 милијарди долари.

Растот е резултат на континуираната силна побарувачка за нејзините електрични автомобили во земјата и во странство.

Кинеските власти планираат до 2035 година продажбата на автомобили во земјата да биде претежно ограничена на електрични и хибридни возила. Во јули, уделот на продажбата на овие возила во Кина веќе беше повеќе од половина.

Во Кина, продажбата на електрични возила беше лансирана во минатото со субвенции кои истекуваа на крајот на 2022 година.

ЕУ тврди дека кинеските државни субвенции ги ставаат кинеските автомобилски компании во нелојална предност, ја нарушуваат конкуренцијата и штети на конкурентноста на европските производители. Затоа Брисел летово воведе привремени дополнителни царини за кинеските електрични возила. Според ревидираниот августовски предлог тие ќе изнесуваат 36,3 отсто, а во октомври доколку нема договор со Пекинг ќе станат постојани.

Во меѓувреме, во мај, САД објавија 100 отсто зголемување на царините за кинеските електрични возила.

Исто така слично високи тарифи беа објавени во понеделникот во Канада, каде Кина беше обвинета дека „не игра според истите правила“ во области како што се еколошките стандарди и заштита при работата, какви што цладеат во други земји“.

И покрај ова, BYD ги засилува своите напори за проширување во странство и планира да отвори фабрики во Унгарија и Турција.

 





НАЈНОВИ